Трета победа на својот четврти пријателска меч во текот на овие подготовки зас Тиквеш. Денеска во Охрид, момците на стратегот Ѓорѓи Мојсов славеа над Малишева, тим од Косово кој ова лето ќе игра во квалификациите во ЛК, со 3:2. Стрелци на головите беа Спахиу, Михаилов и Мартин Стојанов, на кого ова му е втор гол во вториот меч за својот нов тим.
И на денешниот меч тренерот Мојсов им даде минутажа на поголем дел од играчите кои се на подготивките во Охрид. За три дена кавадарчани ќе одиграат и со Лапи.