Филкруг: Ако сакаме да бидеме шампиони, мора да ги победиме сите

104

Херојот на натпреварот меѓу Швајцарија и Германија (1:1), германскиот напаѓач Никлас  Филкруг го коментираше комплетирањето на групната фаза во групата „А“.

„Ова е одличен момент за нас како тим и може да биде одлучувачки. Тоа беше натпревар за освестување. Нема лесни противници, но ако сакате да станете европски шампиони, треба да ги победите навистина силните. На пример, Данска, Словенија или Србија секогаш можат да се надминат себеси. Но, мислам дека веќе успеавме да покажеме за што сме способни на турнирот“, рече Филкруг.

Германија го освои првото место пред Швајцарија, Унгарија и Шкотска.

ПретходноПерез го договори аргентинскиот мега – талент кој има само 16 години, но Сити му нуди трипати поголема плата!
СледноВардар ќе го брани пехарот на „Струшкиот турнир“, доаѓат и АЕК и Ескилстуна