Ангола и покрај поразот навива за Македонија (ФОТО НА ДЕНОТ)

508

Светското првенство во јуниорска женска конкуренција влезе во втората фаза, веќе се играат мечевите од главната фаза и Президент Купот. Репрезентациите веќе меѓу себе добро се познаваат, а дел од нив и навиваат на трибините за некоја од земјите против кои играле.

Денеска во СЦ „Борис Трајковски“, Ангола која нашите ракометарки ја совладаа и се пласираа во главната рунда навива за Македонија на дуелот против Португалија. На трибините еден од тренерите на главата имаше ставено марама во боите на нашата земја.

Пријателството секогаш е на прво место, ова најдобро го покажа оваа држава

ПретходноТаткото на Варга: Операцијата е направена, не знаеме колку ќе биде во болница
СледноНаполи ја намалува цената, сега бара 100 милиони за Осимен