Дончиќ ќе настапи за Словенија на квалификацискиот турнир за ЛОИ

189

Словенија засилена ќе настапи на квалификацискиот турнир за пласман на Летните олимписки игри во Париз. На подготовките им се приклучи најдобриот нивен кошаркар Лука Дончиќ.
Кошаркарот на Далас на турнирот во Атина одлучи да игра иако постоеше неизвесност околу неговиот настап поради долгата сезона во НБА лигата и повредите во финишот на сезоната.
Словенија, сепак, ќе ја има помошта од Дончиќ. Па така Словенците ги очекуваат натпревари со Нов Зеланд и Хрватска, а во полуфиналето за противник ќе ја има Грција, Доминиканска република или Египет.

ПретходноСпинацола ја напушта Рома и оди во Наполи
СледноЗакањи ја спаси Италија, за Хрватска само теорија, Албанија во „аут“ (видео)