Наполи ја намалува цената, сега бара 100 милиони за Осимен

189

Поранешниот шампион на Италија, Наполи, наводно е подготвен да ја намали бараната цена за нигерискиот напаѓач Виктор Осимен, бидејќи неговата иднина станува сè понеизвесна.

25-годишниот фудбалер сака да замине од Серија А, но почетната клаузула од 150 милиони евра засега ги одби сите потенцијални купувачи. „Калчомеркато“ пишува дека Наполи сега е подготвен да ја намали почетната вредност на 100 милиони евра, со надеж дека ќе можат да добиат доволно пари од трансферот за новата селекција на новиот шеф Антонио Конте.

Не е тајна дека Конте сака на местото на Осимен во Наполи да го доведе Лукаку. И натаму за Осимен најсериозни понуди доаѓаат од саудиската Про Лига, но праѓање е дали со намалената цена и ПСЖ и Челзи кои се интересираа за него можат да се вратат во игра.

ПретходноАнгола и покрај поразот навива за Македонија (ФОТО НА ДЕНОТ)
СледноБод против Португалија: Имавме победа во рака, на крајот спасувавме реми