Ова е вистински капитен! Варга мора на операција, за него заврши ЕУРО!

2393

Стравични беа сцените синоќа во Штутгарт на мечот меѓу Унгарија и Шкотска во таа 68.минута кога Барнабас Варга остана без свест. Наликуваше на оние моменти со Кристенсен од минатиот шампионат. Сепак состојбата на Варга е стабилна, се здобил со неколку скршениоци во пределот на главата, а мора да биде опериран. Последните вести од репрезентацијата на Унгарија со Варга се охрабрувачки. Сепак јасно е дека за него ЕП заврши.

Инаку Доминик Собослаи, капитенот на Унгарците ги собра сите симпатии и покажа дека е вистински капитен. Собослаи откако виде дека неговиот соиграч изгуби свест, веднаш реагираше, сам ги зема носилките и ги повика докторите.

ПретходноВарга е во болница, се здобил со повреда на вратот, неговата состојба е стабилна! (ВИДЕО)
СледноУругвај покажа сила, САД ја совлада Боливија! (ВИДЕО)