Се одиграа и мечевите од 1.коло во групата -Ц на Копа Америка. Прво САД со 2:0 ја победија Боливија во меч вој стрелци беа Пулишиќ уште во 3.минута и Балогун во 43.минута. Се беше решено уште по првото полувреме.
Потоа следуваше мечот во Мајами, каде Уругвај, кој важи за еден од фаворитите со 3:1 покажа сила против Панама. Треба да се каже дека Уругвајците до 90+5.минута водеа со 3:0 па тогаш примија гол.
За Уругвај на овој меч не настапи Луис Суарез, немаше ни потреба а стрелци на головите беа Араухо во 16.минута, потоа Нуњез во 85. и Виња во 90.минута.
Селекторот Марсело Бијелса може да биде задоволен.