Брестовац на клупата на еден од најголемите катарски тимови!

567

Поранешниот македонски селектор, Данило Брестовац има нов предизвик. Веднаш откако го напушти тимот на Ал Сафа на адресата на македонскиот тренер стигнаа неколку понуди. Одлуката падна на еден од најголемите катарски клубови, Ал Араби.

Ал Араби е клуб кој е познат по високите амбиции, па ќе има и големи очекувања од македонскиот тренер. Тие се победниците на Катар Куп каде во финалето го совладаа локалниот ривал Ал Духаил, но загубија од истиот противник во Купот на Емирот.

Брестовац остави добар впечаток работејќи на позицијата селектор на Обединетите Арапски Емирати и подоцна во екипата на Ал Сафа од Саудиска Арабија и неговиот рејтинг е висок.

Брестовац пред Ал Сафа ги водеше Обединетите Арапски Емирати каде беше селектор. Во својата кариера покрај Металург и Тиквеш, работеше во Шамбери (Франција), Ред Бојс (Луксембург) и во последните години на Блискиот Исток како тренер на Ал Мудар.

ПретходноДенеска на ЕУРО: На Србија и треба победа над Данска, ама теоријата вели дека и реми е доволно
СледноШкендија се раздели со Аганспахиќ!