Барнабас Варга е добро. Тој е контактибилен и по операцијата на неговата глава се чувствува добро. Денеска во болницата во Штутгарт, репрезентативецот на Унгарија кој на средбата со Шкотска беше тешко повреден и се бореше за живот, беше посетен од селекторот Марко Роси и членови на стручниот штаб. Притоа Варга направи потег кој ги водушеви сите фанови, го крена палецот, со што покажа дека е ОК.
Несомнен, убави вести од ЕУРО 2024., од таборот на репрезентацијата на Унгарија.