Вучиќ со порака до српските спортисти: “Секој златен медал на ОИ во Париз ќе биде награден со 200.000 евра“!

1460

Познато е дека откако Александар Вучиќ и неговата партија се на власт во Србија, и тоа како се вложува во спортот. Им се даваат милиони и милиони евра на клубовите, посебно на Ц. Звезда. Исто така познато е дека е тој е голем фан на Драган Стојковиќ Пикси, и беше воодушен кога некогашната играчка легенда на овие простори седна на клупата на репрезентацијата на Србија и, факт е, се избрука за сите пари.

Инаку денеска во свое обраќање, претседателот Вучиќ им порача на спортистите од својата земја дека секое злато освоено на ОИ во Париз, ќе биде наградено со 200.000 евра, а дека ток очекува Србија на претстојната Олимпијада да освои десет медали.

ПретходноИ Ѓоковиќ дојде во Минхен да ја бодри Србија (ФОТО)
СледноВаланчиунас оди кај Леброн во ЛА Лејкерс?