Денеска за првпат на ова ЕП на програмата се дури четири натпревари, по два во групите Ф и Ц во рамките на третото коло во групната фаза.
Во Берлин од 18 часот се среќаваат Холандија и Австрија, додека во Дортмунд играат Франција и Полска. Тука се е јасно, освен Полска сите се во следната фаза, само прашањето е кој ќе оди како прв од групата – Д, кој како втор а кој како трет со оглед на резултатите од минатите две кола.
Зато многу поинтересно е во групата Ц, и двата меча се од 21часот. Во Минхен играат Данска и Србија. Кој ќе победи оди во осминафиналето, тука нема дилеми. На Данска и одговара и реми без разлика што ќе се случи на средбата во Келн каде играат Англија и Словенија. На Србија теоретски ќе и биде доволно реми, но мора притоа Англија да ја победи Словенија со два ралика, а утре Турција да ја победи Чешка, секако и Португалија да слави над Грузија.
Многу математики, многу пресметки, но повеќе од јасно е дека ќе биде супер интересно.
На Словенците се чини дека им е доволно реми со Англија за да како една од најдобрите третопласирани селекции оди во осминафиналето.
ДЕНЕСКА НА ЕУРО 2024
ГРУПА – Д (18:00 Ч)
БЕРЛИН: ХОЛАНДИЈА – АВСТРИЈА
ГРУПА – Д (18:00 Ч)
ДОРТМУНД: ФРАНЦИЈА – ПОЛСКА
ГРУПА – Ц (21:00 Ч)
КЕЛН: АНГЛИЈА – СЛОВЕНИЈА
ГРУПА – Ц (21:00 Ч)
МИНХЕН: ДАНСКА – СРБИЈА