Дешамп: Добро е што правиме шанси, но нема да камшикувам мртов коњ

89

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп имаше доста забелешки на играта на својата репрезентација на денешниот дуел со Полска.

„Треба да играме побрзо, да играме пониско. Никогаш нема да ги победиме во воздух, тие се посилни од нас. Може да имате две шанси и да постигнете два гола. Може да имате седум, како ние денес, и да не дадете гол. Секако дека има простор за напредок, но повеќе би бил загрижен да нема моменти за гол. Нема да камшикувам мртов коњ. Тимот е заедно, создава шанси. Фактот дека не постигнуваме голови ја ограничува нашата ефикасност, но на крајот влеговме во следната рунда. И погледнете, бевме во навистина тешка група. Сега ќе имаме малку време за одмор, а се надевам дека и вие [новинарите] ќе имате малку време за одмор!“, изјави селекторот на француската репрезентација .

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Англија и Данска поконкретни, но голови се уште нема
СледноЈанев: Во нападот не бевме на ниво