Димитријевиќ се враќа во Малта

705

Македонскиот тренер, Саша Димитријевиќ својата кариера ќе ја продолжи во Малта. После неколку години пауза се враќа во тамошниот шампионат, но овој пат во тимот на Депиро Спорт Клуб. Димитријевиќ ќе го предводи сениорскиот тим, но и ќе биде одговорен за Акадмијата на Депиро.

„Би сакал да им се заблагодарам на челниците на клубот за дадената шанса. Заедно делиме исто цели и визија, а тоа се развој на младите кошаркари давајќи им шанса да играат на највисоко ниво. Не чека сериозна работа, но ние сме подготвени за предизвикот и возбудени што ќе работиме заедно“, изјави Димитријевиќ за официјалната страница на овој тим.

За Саша Димитријевиќ шампионатот во Малта не е непознат, тој го водеше тимот на Атлета Гзира со кого освои титула во првенството и три Куп пехари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Depiro Sports Club (@depirosc)

Димитријевиќ го воведе проектот кошарка во колички во Македонија, тој е основач на најголемата школа за мин-баскет, Јуниор, од која потекнува најдобриот македонски кошаркар на денешницата, Ненад Димитријевиќ.

ПретходноШкендија се раздели со Аганспахиќ!
СледноМатематички постои надеж за пласман на Македонија во 1/4 финале, но формулата е тешка!