Интересно: Чинари ќе дебитира за Ноа токму против “својата“ Шкендија! (ВИДЕО)

293

Познато е дека ждрепката сакаше во двомеч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, Шкендија за ривал да го добие силниот и амбициозен Ноа од Ерменија. Првиот меч се игра во Ерменија на 11 јули, а реваншот седум дена подоцна во Скопје.

Ерменците од вчера во своите редови го имаат Ералдо Чинари, довчерашниот член на Шкендија кој по 1,5 година мината во Тетово се одлучи да си замине. Иако имаше понуди од други клубови, тој сепак се одлучи за Ноа, па така Албанецот своето деби за ерменскиот тим ќе го има против својот довчерашен клуб.

ПретходноСтрашно: Хрватски хулигани претепале Италијанци!
Следно“Скопјеинфо“ тврди: Член на УО на ФФМ незаконски извршувал две дејности?!