И Ѓоковиќ дојде во Минхен да ја бодри Србија (ФОТО)

269

На мечот во Минхен кој вечерва решава дали Србија ќе остане и натаму на Еуро 2024, како големо засилување за српскиот тим од трибините е и најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ. Моментно вториот светски рекет пристигна во Минхен само за да го гледа дуелот на Србија со Данска.

Тој до денеска беше во Англија на Вимблдон каде што тренира, додека сега реши да продолжи во Минхен, за да ги испрати фудбалските репрезентативци на Србија.

ПретходноПријателска: Шкендија во Тетово поразена од Љапи
СледноВучиќ со порака до српските спортисти: “Секој златен медал на ОИ во Париз ќе биде награден со 200.000 евра“!