Каков момент: Модриќ остана без зборови по говорот на италијански новинар!

1248

Лука Модриќ без сомнение е еден од најголемите играчи на овие простори. Тој во понеделникот постигна гол кој не и беше доволен на Хрватска да ја победи Италија и да обезбеди осминафинале на ЕП, па на Хрватите сега им треба чудо во понатамошниот развој.

Иако бил видно депресивен, Модриќ го развеселил италијански новинар, кој му се заблагодарил за се што направил во кариерата и побарал од него никогаш да не се пензионира.

„Лука, добра вечер од италијански новинар. Сакам да ти се заблагодарам за се што покажа не само вечерва, туку и во текот на целата своја кариера. Уште еднаш го напушти теренот како врвен играч. Промаши пенал, но веднаш потоа постигна гол Сакам никогаш да не се повлечеш бидејќи си еден од најдобрите играчи за кои сум коментирал“, изјави италијанскиот новинар.

Настана кратка тишина, а потоа „грацие“ и одговорот на Лука.

„Ви благодарам од се срце за таквите прекрасни зборови. И јас би сакал да играм фудбал засекогаш, но ќе дојде момент кога ќе морам да ги закачам копачките. Не знам уште колку време Ќе играм, но ти благодарам за твоите прекрасни зборови“. 

ПретходноУЕФА ја казни и Данска пред дуелот со Србија
СледноДенеска на ЕУРО: На Србија и треба победа над Данска, ама теоријата вели дека и реми е доволно