Математички постои надеж за пласман на Македонија во 1/4 финале, но формулата е тешка!

221

Македонската женска јуниорска репрезентација вечерва (20:15 часот) против Црна Гора го игра последниот меч од главната рунда. Нашите девојки вчера пропуштија шанса да дојдат до победа против Португалија и притоа широко да си го отворат патот кон четвртфиналето.

Со бодот од овој меч, Македонија треба да исполни неколку услови за да се најде во најдобрите осум селекции. Во нашата група, Исланд има 4 бода, Португалија 3, Македонија 1 и Црна Гора 0.

Математиката вели, Исланд треба да слави над Португалија, додека нашите ракометарки над Црна Гора, но не со било каква разлика. На крајот од втората фаза се брои гол-разликата, која во моментов не е во наша полза. Македонија има минус од 12 гола, додека Португалија е на плус два. Ова значи дека на „црвено-жолтите“ им е потребна убедлива победа за да се надополни минусот, додека пак Португалија да загуби од Исланд.

Втора опција е нетолку убедлива победа против Црна Гора, но висок пораз на Португалија од Исланд.

Дуелот меѓу Македонија и Црна Гора се игра во СЦ „Борис Трајковски“.

ПретходноДимитријевиќ се враќа во Малта
СледноДалиќ: Судијата цело време судеше на наша штета, не случајно беше пратен на овој меч!