Иако веќе неколку дена тренира на терените на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ сеуште не дефинирал дали ќе настапи на најславниот и најважен тениски турнир во светот, или пак силата ќе ја чува за ОИ во Париз.
Познато е дека пред три недели Србинот беше подвргнат на операција на коленото.
“Ќе играм на Вимблдон сако ако знам дека може да бидам конкурентен. Не доаѓам тука да одиграм само две – три кола, туку да победам. Планирам во следните неколку денови да видам каква ќе биде состојбата па тогаш да донесам одлука дали ќе играм на овој Вимблдон или не“ рече покрај другото најдобриот тенисер во историјата.