Пријателска: Шкендија во Тетово поразена од Љапи

191

Тетовска Шкендија загуби во пријателски меч од екипата на Љапи со 2:0. Мечот беше одигран во Тетово, како дел од подготовките на тетовските „црно-црвени“ за претстојните европски настапи.

По победите над Тиквеш и Тирана од по 1:0, денеска во третиот пријателски меч тетовци не успеаја да остварат нова победа. Љапи славеше со 2:0 со голови постигнати во 15. и 42. минута од средбата.

Стрелец на двата гола беше Маличи.

ПретходноФранција со нов кикс и го предаде врвот на сјајната Австрија на Рангник (ВИДЕО)
СледноИ Ѓоковиќ дојде во Минхен да ја бодри Србија (ФОТО)