Ракометарките поразени од Црна Гора, ќе играат за пласман од 13. до 16. место

105

Македонската ракометна женска репрезентација не успеа да дојде до победа против Црна Гора иако имаше водство во првото полувреме. На последниот меч од групната фаза беше совладана со 26-23, пораз кој значи дека ќе игра за пласман од 13. до 16. место, а прв противник е Кореја.

Нашите ракометарки моќно го отворија мечот, поведоа со 0-5, ова беше најголемото водство во првото полувреме. Избраничките на Дарко Јанев ја имаа контролата во текот на сите 30 минути, иако имаа падови, од Црна Гора знаеше да дојде на минус еден 8-9, сепак предноста на одморот беше во корист на Македонија (10-12). Чурлиноска повторно блескаше имаше десет обрани.

За жал сликата се смени во вториот дел, Црна Гора со серија од 5-1 и за првпат на мечот поведе со 15-13. Противникот не застана тука, веќе на средината на првото полувреме поведе со 19-15 и 20-16. Младеновска, Стефаноска и Кралева намалија 20-18 пред почетокот на 50-та минута. Сепак не успеавме да продолжиме, Црна Гора дојде до сигурна предност од четири гола, доволна за мирен финиш и победа.

Ива Младеновска со 8 гола беше најефикасна во нашата репрезентација. По 4 гола постигнаа и Коцева и Ризоска.

ПретходноВаланчиунас оди кај Леброн во ЛА Лејкерс?
СледноПОЛУВРЕМЕ: Англија и Данска поконкретни, но голови се уште нема