Попладнево порталот „Скопјеинфо“ пренесе дека член на Управниот одбор на ФФМ истовремено извршувал две дејности. Текстот на “Скопјеинфо“ ви го пренесуваме:
“Кој од фудбалската федерација седи на две државни фотелји и тоа фотелји од кои одлично се заработува.
Станува збор за нотарот Владимир Гашевски, кој освен што врши нотарска дејност, истовремено е член на Управниот одбор на Фудбалската федерација. Во законот јасно стои дека нотарот ќе биде разрешен доколку извршува друга професионална дејност или пак е член на Управен или Надзорен одбор.
Сега на потег е Министерството за правда, од каде се очекува по допрен глас да започне постапка за одземање на лиценцата на посочениот нотар бидејќи законот мора да важи за сите. Токму Министерството за правда е државен орган каде, законите мора да се почитуваат“.