Спалети: На нашите мечеви се случуваат нелогични работи

148

Хрватска и Италија одиграа 1:1 во третото коло од групата Б на Европското првенство. Голот за водство на Хрватска го постигна Лука Модриќ во 54. минута, откако неполна минута претходно Донарума го одбрани пеналот. Италијанците со голот на Матија Закањи дојдоа до бод во 98. минута.

Во истиот период Шпанија ја победи Албанија (1:0) и со тоа ја освои групата со максимални девет бода. Италија е втора со четири бода и оди директно во осминафиналето, додека Хрватска е трета со два бода и има минимални шанси со ваков успех да биде една од четирите најдобри третопласирани селекции кои исто така ќе одат во нокаут фазата.

„На нашите мечеви се случуваат нелогични работи, но мораме да го земеме она што го имаат момците од нивните квалитети и да ги ставиме во позиција да се изразат на најдобар можен начин. Заслужено ја минавме групната фаза. Постигнавме гол во 98-та, но заслужено. Така, сега ќе имаме можност да размислуваме за следниот натпревар и осминафиналето“, рече Спалети.

ПретходноКаков кикс на Бразил стартот на Копа Америка (ВИДЕО)
СледноПо трите поништени гола, Лукаку повеќе не се осмелува да ги слави своите голови