УЕФА ја казни и Данска пред дуелот со Србија

566

УЕФА ја казни Данската фудбалска федрација за истакнување на транспарент со навредлива порака за време на натпреварот против Англија.

Данската фудбалска федерација е казнета со 10.000 евра (10.700 долари) за навредлив транспарент против УЕФА што беше истакнат за време на ремито 1-1 на Данска со Англија на Европското првенство во Германија во средата.

„Ќе ја платиме казната, но најважно ни е да ги идентификуваме оние кои го донеле транспарентот, а потоа ќе им ја донесеме сметката“, изјави претседателот Ерик Брогер Расмусен.

Минатата недела УЕФА ги казни со иста сума фудбалските сојузи на Албанија и Србија за навивачите кои истакнаа транспаренти со националистички пораки.

Данска денеска игра против Србија, дуелот е закажан со почеток во 21 часот.

ПретходноПо трите поништени гола, Лукаку повеќе не се осмелува да ги слави своите голови
СледноКаков момент: Модриќ остана без зборови по говорот на италијански новинар!