0
По вечерашниот пораз од селекцијата на Португалија, селекторот на нашата младинска ракометна репрезентација, Дарко Јанев со свое размислување за дуелот.
„Еден ден имаме феноменална игра до самиот крај, потоа следен ден играме меч кој мора да се бориме. Имавме добро прво полувреме, а во вториот дел како тотално да бевме други играчи, посебно во нападот. Одбраната функционираше некако, ама во нападот не бевме на ниво. Можеби некоја емоционална исцрпеност постои, но не смее да се дозволи такво нешто. Овие играчи се сениори или прераснуваат во сениори. Не смееме да си дозволуваме таков пад на играта, не е добро и за јавноста, да се претставуваме во две лица – едно добро, друго лошо и тоа во краток период“, вели Јанев.