Литванскиот репрезентативец Јонас Валанчиунас има одлични шанси да заигра за ЛА Лејкерс.
„Езерџиите“ размислуваат да добијат искусен центар кој ќе игра покрај Ентони Дејвис, а една од потенцијалните цели на клубот е токму центарот на Пеликанс. Валанчиунас веќе подолго време се разгледува како опција во клубот од Калифорнија.
Интересно е што Литванецот летово ќе стане слободен играч без ограничувања. Минатата сезона Валанчиунас не пропушти ниту еден натпревар од регуларниот дел од сезоната, обезбедувајќи просек од 12,2 поени, 8,8 скока и 2,1 асистенции.