Хрватска во последните секунди, во 90+8.минута испушти победа и пласман во осминафиналето синоќа на дуелот со Италија. Не дека сите сеуште нема теоретски шанси, но треба да се случи чудо за да избраниците на селекторот Златко Далиќ се најдат во следната фаза на ЕУРО.
По се она што се случи на средбата со Италија, денеска Златко Далиќ го обвини судијата Дани Макели дека судел против нив, но имаше што да каже и за ФИФА и УЕФА.
“Видете, тој не случајно беше пратен на оваа средба. Цело време судеше на наша штета, да не говорам за тоа дека го продолжи мечот за цели осум минути. Каде ли ги најде? Беа шест замени, значи труи минути, и една минута ВАР, а тој продолжи цели осум. Сепак, да се разбереме, не е виновен само тој. Се имавме во наши раце, ете не успеавме, жалам. За ФИФА и УЕФА што да кажам? Кога јас имав свое мислење мене никој не подржуваше околу тоа“ заврши Далиќ.