На мечот во Минхен кој вечерва решава дали Србија ќе остане и натаму на Еуро 2024, како големо засилување за српскиот тим од трибините е и најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ. Моментно вториот светски рекет пристигна во Минхен само за да го гледа дуелот на Србија со Данска.
Тој до денеска беше во Англија на Вимблдон каде што тренира, додека сега реши да продолжи во Минхен, за да ги испрати фудбалските репрезентативци на Србија.