Каков кикс на Бразил стартот на Копа Америка (ВИДЕО)

240
Фото: CONMEBOL Copa América™️ @CopaAmerica

Бразил не ја отвори Копа Америка 2024 година, на првиот на првиот натпревар од групата Д ремизираше против Костарика (0-0). „Кариоките“ дадоа се од себе за да стигнат до победата, но направија многу грешки, еден гол им беше поништен и еднаш гредата му помогна на противникот.

Бразил ја имаше иницијативата од самиот почеток, но најпрвин Родриго пропушти добра шанса шутејќи широко, а потоа Рафиња пукна зад одбраната но неговиот удар го одбрани голманот Патрик Секеира.

Во 30. минута Кариоките успеаја да постигнат гол преку Маркињос, но по внимателен преглед на ВАР, голот беше поништен поради заседа. Во самиот финиш на првото полувреме, Родриго упати прилично опасен удар од работ на шеснаесетникот, но топката помина неколку сантиметри над гредата.

На крајот мечот заврши со реми, со тоа што двете екипи го започнаа турнирот со по бод и го делат 2. место во групата. Лидер е Колумбија со 3 бода.

Во вториот натпревар од оваа група Колумбија го совлада Парагвај со 2:1, а херој на победата беше Џејмс Родригез. Тој најпрвин асистираше на десниот бек Муњоз за 1:0 во 32. минута, а потоа и на неговиот соиграч од Кристал Палас Џеферсон Лерма 10 минути подоцна за 2:0. На крајот Парагвај успеа да намали на 2:1 преку Хулио Енкиз во 69. минута, но тоа беше се што успеаја.

ПретходноЛука Модриќ влезе во историјата на Европските првенства
СледноСпалети: На нашите мечеви се случуваат нелогични работи