Новак: “Ќе играм на Вимблдон само ако можам да победам“!

102

Иако веќе неколку дена тренира на терените на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ сеуште не дефинирал дали ќе настапи на најславниот и најважен тениски турнир во светот, или пак силата ќе ја чува за ОИ во Париз.

Познато е дека пред три недели Србинот беше подвргнат на операција на коленото.

Ќе играм на Вимблдон сако ако знам дека може да бидам конкурентен. Не доаѓам тука да одиграм само две – три кола, туку да победам. Планирам во следните неколку денови да видам каква ќе биде состојбата па тогаш да донесам одлука дали ќе играм на овој Вимблдон или не“ рече покрај другото најдобриот тенисер во историјата.

ПретходноОфицијално: Захариевски веќе не е тренер на Воска, за негов наследник е назначен Сеит Крека!
СледноСрпските фанови попладнево “главни“ се во Минхен! (ВИДЕО)