ПОЛУВРЕМЕ: Нов автогол, Австрија води со Холандија, Франција и натаму без гол (ВИДЕО)

95

Со автоголот на Даниел Мален уште во 6. минута на натпреварот (ВИДЕО), Австрија обезбеди предност од 1:0 на дуелот со Холандија и најави извонредно интересно второ полувреме во последното 3. коло од групата „Д“. Австријците во една ваква разврска сега се на 1. место во групата, минувајќи ја и Холандија и Франција, особено што Французите и натаму играат еден летаргичен меч со Полска кој по првиот дел не ни донесе ниту еден гол.

Франција денеска почна со Мбапе во составот, кој по еден меч пауза поради повредата на носот сега повторно го предводи тимот на „гласките петли“. Сепак, Франција не успеа да искористи ниту една шанса за да го отвори резултатот. Полјаците иако веќе испаднати од Еуро 2024, одиграа солидно прво полувреме, па и имаа неколку добри можности да го матираат Мањан.

ПретходноМален го постигна најбрзиот автогол на европските првенства (ВИДЕО)
СледноЗатоа е “СПЕЦИЈАЛЕН“: Еве што направи Мурињо на првиот тренинг на Фенербахче! (ВИДЕО)