Нашата јуниорска ракометна репрезентација остана без шанси да се бори за пласман во четвртфиналето на СП во Скопје. Денеска во првиот меч од 2. коло од главната рунда во нашата група, селекцијата на Португалија славеше над Исланд со 26:25 и практично го освои првото место.
Математички, Македонија ги загуби шансите за место меѓу најдобрите осум во светот, но останува да се надеваме на победа на дуелот со Црногорките кој стартува од 20.15 часот.
Евентуален триумф или реми ќе ни донесат позиција за разигрување за пласман од 9. до 12. место.