И официјално Алмир Аганспахиќ не е веќе напаѓач на Шкендија. Оваа вест тетовскиот клуб ја сподели на своите социјални мрежи денеска. Покрај другото се вели дека по едногодинашна соработка, Шкендија му се заблагодарува на интернационалецот од БиХ.
Да потсетиме дека Аганспахиќ во минатата сезона во дресот на Шкендија одигра 30 натпревари и беше стрелец на 12 голови, имаше и две асистенции.
Јасно дека тетовци му посакаа се најубаво понатаму во кариерата.