Навивачите фрлаа со чаши кон него, Саутгејт обвини: Се прават некои позадински игри

298

Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт проговори и за англиските навивачи кои фрлаат чаши кон него н анатпреварите на ова ЕП.

По натпреварот со Словенија синоќа, кога  Саутгејт  им пријде на навивачите да им аплаудира, од трибините беа фрлени неколку пластични чаши кон англискиот селектор. Некои од навивачите го исвиркаа Саутгејт.

„Го разбирам ова, нема да кријам. Најважно е да останеме заедно со тимот. Се создава одредена позадина во однос на мене. Не сум видел ниту еден друг тим да дојде и да добие таков третман. Јас сум многу, многу горд на играчите“, изјавил Саутгејт.

ПретходноТурската федерација во одбрана на Монтела по силните напади од турските медиуми
СледноДенеска на Еуро 2024: Словачка и Романија „подготвуваат“ реми, Турците на бод против Чешка