Напаѓачот на Унгарија, Барнабас Варга ја напушти болницата во Штутгарт и се врати дома, пренесе неговиот клуб Ференцварош. На мечот против Шкотска, Варга во 71 минута се судри со противничкиот голман Ангус Ган и падна во бесознание. По укажаната лекарска помош беше транспортиран во болница во стабилна состојба, но со неколку фрактури на лицето и потрес на мозокот.
По неколку денови во болница тој е пуштен и се врати во Будимпешта.
„Ќе одмарам неколку недели, по што ќе се фокусирам кон моето комплетно закрепнување. Ви благодарам на поддршката“, изјави фудбалерот.
Неофицијално, Варга ќе паузира три недели и потоа ќе почне со полесни тренинзи со заштитна маска.