Грузија во осминафинале по победата над Португалија, Чешка испадна!

529

Репрезентациите на Грузија, Португалија и Турција се пласираа во осминафиналето на Европското првенство во Германија по разврската во групата Ф.

Во Гелзенкирхен, фудбалерите на Грузија направија изненадување со тоа што ја победија Португалија со 2:0 и како една од најдобрите третопласирани одат во нокаут фазата.
Кварацкелија во втората минута ја доведе Грузија во предност, а конечниот резултат го постави Микаутадзе од пенал во 57 минута. Микаутадзе има три гола, по еден на сите натпревари во групата.

Во Хамбург, Турција ја совлада Чешка со 2:1. Чесите од 20 минута играа со фудбалер помалку поради втор жолт картон на Барак. Турците отворија со убав гол на Чаланоглу во 51 минута, а изедначи Соучек во 66 минута. На Чесите им требаше победа но во финишот примија гол од Ченк Тосун па на крај се пласираа на последното место на табелата.

Португалија заврши прва со шест бодови, Турција втора исто така со шест, Грузија трета со четири, а Чешка освои еден бод.

ПретходноШпанија го објави тимот за фудбалскиот турнир на ОИ во Париз
СледноПознати осминафиналните дуели на ЕП – Белгија налета на Франција…