Данскиот селектор искрен: Се шокирав кога видов дека Србија почнува без Влаховиќ, Тадиќ…

895

Селекторот на данската репрезентација, Каспер Хјулманд, по средбата со Србија синоќа изјави дека бил шокиран кога видел со кои играчи српскиот селектор Драган Стојковиќ-Пикси го почнува мечот.

„Да бидам искрен, да, во шок сум. Кога го видов составот, ги нема Влаховиќ, Сергеј Милинковиќ Савиќ, Тадиќ… Самарџиќ ми се допаѓа како играч, имаше одлична сезона во Удинезе, беше одличен пред некој ден и го очекував против нас. Знаевме дека ќе се соочиме со момците кои останаа на клупата во вториот дел, бидејќи Србите кои влегоа беа свежи, не притиснаа со четворица напаѓачи и очигледно тоа беше планот на Стојковиќ. За среќа, успеавме да одговориме на тоа“, истакна данскиот стратег.

ПретходноДенеска на Еуро 2024: Словачка и Романија „подготвуваат“ реми, Турците на бод против Чешка
СледноАндреевски одбра 16 јуниори за продолжението од подготовките за ЕП