Дориев прогласен за играч на месецот

337

Македонскиот напаѓач Љупче Дориев е прогласен за играч на месец мај во првенството на Узбекистан. Дориев имаше фантастични настапи за Согдиана во овој месец затоа што реализираше седум голови на пет натпревари.
Реализираше хет-трик против Бунјодкор, два му даде на АГМК и по еден на Навбахор и Андиџан.
Инаку севкупно гледано по 11 одиграни кола Дориев е на врвот на листата на стрелци во шампионатот со девет погодоци.

ПретходноСилекс го потврди Јашаровски
СледноКадетките и Јуниорките обезбедија пласман на ЕП