Досега не се случило: Како УЕФА утврди дека Данска е втора, а Словенија трета?

6189

Многумина синоќа се прашуваа како Данска заврши втора, а Словенија трета во групата „Ц“ на Еуро 2024, кога и двете селекции имаа ист број бодови, идентична гол разлика и ист меѓусебен скор.

Одговорот лежи во неверојатниот исход кој се чини за првпат се случува на едно европско првенство. Имено, за да се одреди подобриот од Данска и Словенија, УЕФА мораше да го примени дури последниот деветти критериум за рангирање, за да утврди кој е втор, а кој трет.

Првиот критериум се дуелите меѓу себе, вториот гол-разликата меѓу екипи со ист број бодови. Трет најголемиот вкупен број на голови. Потоа се гледа вкупната гол-разлика во сите натпревари од групата, па така и поголемиот број на голови вкупно во групата. Потоа следува броењето на жолти и црвени картони, но бидејќи Словенците и Данците имаа по шест жолти картони, мораше да се оди кон следниот критериум, а тоа е позиција во квалификациите за ова ЕП. Е, таму Данците играа во иста група со Словенија, каде тие завршија втори, додека Словенците беа трети, но интересно е што и двете репрезентации имаа ист број бодови во квалификациската група – 22. Сепак, Данска беше втора поради подобриот меѓусебен скор.

ПретходноКопа Америка: Аргентина е веќе во четвртфиналето, историска победа за Канада
СледноСловенците изненадени од пласманот во осминафиналето: Не очекував дека ќе ја минеме групата