Кристијан Ериксен го одигра 133. меч за данската репрезентација и постави нов рекорд.
32-годишниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед играше за Данците на натпреварот од групната фаза на ЕП 2024 против Србија (0:0).
Тој го собори рекордот на Симон Кјаер од 132 натпревари. 35-годишниот дефанзивец на Милан, Кјaер, исто така е во тимот на Данска за ЕП 2024, но досега не излезе на теренот.