Конечно се освестија. Им требаше долго време, речиси две години да сфатат дека со најслабиот тренер во историјата на фудбалот, со “големиот“ Пикси само се брукаат, а ја брукаат и својата земја. Па така голем дел од играчите побарале смена на селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси или во спротивно тие веќе немале да играат за репрезентацијата.
Се разбира дека се во право. Никој паметен не сака да си има работа со таков селектор, кој ги “влече за нос“ сите во таа земја, кој едноставно е залутан на селекторската клупа.
Се споменуваат дека тоа се Тадиќ, СМС, Митровиќ, Рајковиќ, но уште неколку играчи. Да се потсетиме дека пред ЕУРО и Радоњиќ одби да игра се додека Пикси е селектор.
Тоа значи само едно, а такви се последните информации, дека тој што го држи тој Пикси на оваа функција, а сите во таа земја знаат кој е тој, мора да му врачи „шут карта“ на својот омилен селектор и голем пријател. Веројатно и тој сфатил дека Пикси и него го брука.
Се наведува дека без разлика што има договор, Пикси добива отказ.