Нејмар ги изненади продавачите на дресови на семафори во САД (ВИДЕО)

948

Ѕвездата на Бразил, Нејмар не може да им помогне на соиграчите на своите репрезентативци во нивните натпревари од Копа Америка, но се уште е во САД за да ги поддржи како навивач.

Така, куриозитетна ситуација со учество на напаѓачот на Ал-Хилал дојде пред првиот натпревар на „Селесао“ на турнирот, кој беше против Костарика. На социјалните мрежи стана вирално видео на кое се гледа како Нејмар го запира својот автомобил на семафор во Лос Анџелес и бара два дреса од Бразил од уличните продавачи. Отпрвин не успеваат да го препознаат фудбалерот, но потоа сфаќаат дека тоа е Нејмар и се радуваат за него. Иако играчот брза да ја напушти раскрсницата, тој одвојува време за продавачите да се сликаат со него како спомен.

ПретходноРој Кин именуваше играч кој би можел да донесе промена во настапот на Англија
СледноСилекс го потврди Јашаровски