Пикси не е повеќе селектор на Србија

20596

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси нема да биде повеќе на таа функција. Еден месец откако потпиша продолжување на договорот, Пикси заминува од функцијата по неуспехот на Европското првенство, пренесуваат српските медиуми додавајќи дека во наредните денови тоа ќе биде и официјално.

За смената на Стојковиќ покрај резултатите му пресудија и незадоволството на репрезентативците односно лошите односи во тимот. Рајковиќ, Милинковиќ-Савиќ, Тадиќ и Митровиќ соопштиле дека нема повеќе да настапуваат за Србија додека селектор е Стојковиќ.

ФС на Србија одлучи да го раскине договорот со Пикси иако претходно го продолжи до летото 2026 година.

ПретходноСупер засилување за Комо – потшиша Андреа Белоти!
СледноРазврска во групата Е – сите завршија со исто бодови, Украина извиси