Србија е елиминирана од ЕП во Германија по ремито 0:0 со Данска, 1:1 со Словенија и 1:0 поразот од Англија во групата Ц. Во јавноста огласи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој зборуваше на различни теми во Брисел, а новинарите го прашаа дали смета дека резултатот на Србија на ЕП 2024 е дебакл.
Претседателот Вучиќ истакна дека навивачите во Србија заслужуваат подобри резултати и дека земјата во претходните години многу инвестирала во фудбалот. Тој истакна дека не се проблем поразите од селекциите од Англија, но дека другите резултати не се во согласност со очекувањата. Тој не го спомна само фудбалот, туку се осврна и на неодамнешните неуспеси на српската ракометна репрезентација.
„Тоа е спорт, дадовме многу пари за тој спорт и вложивме многу. Луѓето во Србија заслужуваат подобри резултати. Не е проблем да се загуби од Англија, што е лошо, не е проблем да изгубиш од Германија, Шпанија од кого сакаш, не е проблем… Ама проблем е кога губиш од Словенија, која што чини тројно помалку од српската репрезентација, проблем е играч што чини 5.000 евра ти дава голови. Кај нас има безброј проблеми. Не сакам да се занимавам со тоа и не сме банана земја каде нешто се решава за еден ден или преку ноќ, но сосема сум сигурен дека и во ракометот и во фудбалот особено затоа што вложуваме многу пари народот на Србија заслужува подобар резултат“, изјави Александар Вучиќ.