Промени во Евролигата: Ограничување на платите, повеќе клубови, нов систем на натпреварување

432

Како што пренесува грчка Газета преку свои инсајдери, Евролигата ја очекуваат сериозни реформи од сезоната 2025/26. Водството на лигата планира да го зголеми бројот на клубови-учесници, па место 18 би играле 20 и повеќе клубови. Второ во тек е расправа за имплементација на правилата за ограничување на потрошувачката или воведување на селери кап.
Исто така во план е зголемување на бројот на акционери од сегашните 13 на 15 или 16.
Постојат две сценарија. По првото, се би останало исто, само со зголемувањето на бројот на учесници секоја екипа би одиграла по четири меча повеќе во лигашкиот дел од сезоната. Второто сценарио е поделба на две конференции, по примерот на НБА лигата“, наведува изворот.
Наводно покренато е прашањето горната граница за платите на играчите и тренерите да бидат нешто повеќе од 12 милиони евра по сезона (нето износ).

ПретходноДалиќ останува селектор на Хрватска и покрај неуспехот на ЕП
СледноШпанија го објави тимот за фудбалскиот турнир на ОИ во Париз