Работнички и следната сезона со Самарџиев во АБА2-лига

223

Екипата на Работнички почна да ги дефинира плановите за следната сезона. Прв кого раковоството на клубот го завери е Горан Самараџиев. Иако „црвено-белите“ не играа финале, ниту во плеј-офот, ниту пак во Купот на Македонија, сепак младиот стратег останува и оваа цел ќе биде за сезоната која доаѓа.

Македонија дефинитивно ќе има трет претствник во АБА2-лигата, а тоа е токму тимот од „Градски Парк“, кој мораше да плати 25.000 евра за да ја добие сепцијалната покана од ова натпреварување.

Најавите од Работнички се дека ќе се оди по квалитетни странци, промените во составот во екот на сезоната не донеса ништо ново и подобро, се очекува следствено на најавите за стабилна финансиска состојба да се оправдаат конечно средствата со резултати.

ПретходноКонечно: Бунт во репрезентацијата на Србија, играчите бараат смена на Пикси, ФСС му спрема “шут-карта“!
СледноК.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ