Разврска во групата Е – сите завршија со исто бодови, Украина извиси

402

По одигрување на третото коло познати се патниците во осминафиналето на ЕП од групата Е. Сите четири репрезентација завршија со по четири бодови, а Романија како првополасирана и Белгија како второ пласирана и Словачка како една од најдобро третопласираните одат во осминафиналето.
Украина си оди поради лошата гол разлика (2:4) и е првата селекција која си оди, а има четири бодови.
Словачка и Романија одиграа 1:1. Поведе Словачка со гол на Дуда во 24 минута, а изедначи Разван Марин во 37 минута со гол од пенал.
На другиот меч Украина и Белгија одиграа без голови.

Белгија во осминафиналето ќе игра со Франција. Романија и Словачка ќе ги почекаат своите противници по одигрувањето на натпреварите од групата Ф.

 

ПретходноПикси не е повеќе селектор на Србија
СледноВарга ја напушти болницата во Штутгарт и се врати дома