Новиот италијански прволигаш Комо го објави трансферот на напаѓачот Андреа Белоти. Фудбалерот кој беше дел од репрезентацијата на Италија која го освои ЕП 2020 потпиша со Комо двегодишен договор.
Тој дојде од редовите на Рома, а минатата сезона играше како позајмен во Фиорентина. Пред тоа запиша преку 230 настапи и 100 голови за Торино, играше и за Палермо. За Италија има 44 натпревари и 12 голови.
Супер засилување за Комо каде што тренер е поранешниот шпански репрезентативец Сеск Фабрегас.