Од денеска и офицјално се знаат или се утврдени термините и сатницата за двата меча од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции меѓу Шкендија и Ноа од Ерменија.
Првата средба се игра на 11 јули (четврток) во Ерменија во градот Абовјан со почеток од 18 часот по македонско време.
Реваншот се игра на 18 јули (четврток) на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20 часот.
Шкендија има за ривал силен противник, да се надеваме дека ќе ја мине оваа пречка, ако се случи тоа тогаш во втората квалификациска рунда во ЛК тетовци ќе ги одмерат силите со Слиема од Малта.