ФС на Данска им нареди на навивачите да ја платат казната од УЕФА

729

УЕФА го казни Данскиот фудбалски сојуз со парична казна од околу 10.000 евра поради паролата која данските навивачи ја кренаа на мечот против Англија. ФС на Данска не сака да ја плати таа казна и ќе ја адресира до навивачите кои го распослаа транспарентот на трибините.
На него пишуваше „Е*и се УЕФА“.
„Не е фер казната да ја плати Сојузот. Ова ја загрозува нашата можност да го развиваме данскиот фудбал. Не знам до каде ќе одиме. Прво се надеваме дека ќе дознаеме кои навивачи се одговорни. Потоа ќе ги контактираме и ќе ги принудиме да си ја платат казната“, кажа директорот на ФС на Данска, Ерик Брогер Расмусен во интервју за дански „Болд“.
Ако навивачите не ја платат казната, ФС на Данска може да покрене судска постапка против нив.

ПретходноВарга ја напушти болницата во Штутгарт и се врати дома
СледноДалиќ останува селектор на Хрватска и покрај неуспехот на ЕП