Шпанија го објави тимот за фудбалскиот турнир на ОИ во Париз

1808

Од 24 јули до 10 август 2024 година ќе се одржи фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Париз. Ќе се игра во Бордо, Марсеј, Лион, Нант, Ница, Ст.Етјен и Париз.
Шпанија е еден од 16-те учесници на турнирот, а веќе се познати 22. фудбалери предводени од селекторот Санти Диниа.

Шпанија во групната фаза ќе игра против Египет, Доминиканска република и Узбекистан.

Голмани: Арнау Тенас (ПСЖ), Хуан Гарсија (Еспањол), Алехандро Итурбе (Атлетико Мадрид).

Одбрана: Хуанлу Санчез (Севиља), Марк Пубил (Алмерија), Ерик Гарсија, Пау Кубарчи (двајцата Барселона), Хон Пачеко (Реал Сосиедад), Москера (Валенсија), Мигел Гутиерез (Жирона) и Миранда (Бетис).

Играчи од средниот ред: Ајмар Орос (Осасуна), Бењат Туриентес (Реал Сосиедад), Алехандро Баена (Виљареал), Бернабе (Парма), Пабло Бариос (Атлетико Мадрид).

Напаѓачи: Фермин Лопез (Барселона), Серхио Гомез (Манчестер Сити), Абел Руиз (Брага), Саму Омородион (Атлетико), Камељо (Рајо Ваљекано), Диего Лопез (Валенсија).

ПретходноПромени во Евролигата: Ограничување на платите, повеќе клубови, нов систем на натпреварување
СледноГрузија во осминафинале по победата над Португалија, Чешка испадна!